Кремљ: Ќе одговориме на упадот на Украина во Русија, преговорите веќе не се важни

b6e3f9d1-9b4b-48d4-8715-d6b4e10bc079.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кремљ денеска соопшти дека ќе мора да има руски одговор на упадот на Украина во западниот регион Курск и дека идејата за прекин на огнот со Киев повеќе не е релевантна.



Илјадници украински војници ја пробија руската граница на 6 август во ненадеен напад за кој рускиот претседател Владимир Путин рече дека има за цел да ја подобри преговарачката позиција на Киев пред можните разговори и да го забави напредувањето на руските сили долж линијата на фронтот.

„Ваквите непријателски дејствија не можат да поминат без соодветен одговор“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Одговор сигурно ќе има. Путин рече дека Украина ќе добие „вреден одговор“, но сè уште јавно не кажа каков ќе биде тој одговор.

Песков ги отфрли медиумските извештаи дека имало преговори за прекин на огнот меѓу Москва и Киев. „Немаше преговори. Темата на преговорите во овој момент прилично ја изгуби својата важност“, рече Песков.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK