Кремљ е незадоволен од потегот на Варшава: „Трансферот на полски тенкови на исток е ескалација на тензиите“

Кремљ-е-незадоволен-од-потегот-на-Варшава-„Трансферот-на-полски.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Плановите на Полска да стационира нов тенковски баталјон на исток претставуваат уште еден чекор кон зголемување на тензиите, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.


„Секако, ова е уште еден чекор кон ескалација на тензиите, нашите белоруски пријатели знаат што да прават, тие прават се’ што е потребно во оваа ситуација за да се обезбеди безбедност“, рече Песков, коментирајќи ја изјавата на полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак дека нови војници ќе бидат испратени на исток од тенковскиот баталјон, пишува весникот „Известија“.

Блашчак претходно денеска изјави дека веќе е формиран тенковски баталјон во источна Полска, кој ќе треба да се спротивстави, како што наведе, со заканите кои доаѓаат од Русија и Белорусија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK