Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков потврди дека американските преговарачи се на пат за Москва.
„Точно е дека американските преговарачи се на пат и точно е дека се планираат контакти. Да не брзаме, ќе ви кажеме подоцна“, рече Песков.
„Веќе е остварен контакт – имаше телефонски разговор меѓу американскиот советник за национална безбедност Мајк Валц и советникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков. Одредени информации и се доставени на Русија“, додаде тој.
Песков не потврди дека Русија им дала на САД список со барања за договор со Украина. Ова претходно го објави новинската агенција Ројтерс, цитирајќи две лица запознаени со ова прашање.