Кралот Чарлс Трети го прими Бајден во замокот Виндзор

carls -bajden
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Џо Бајден и британскиот крал Чарлс Трети денеска разговараа за прашањето за климатските промени и ги повикаа приватните компании да направат повеќе за поддршка на зелената енергија во земјите во развој, објавија американските медиуми.

Двајцата лидери се сретнаа во замокот Виндзор, каде Бајден беше пречекан со официјална церемонија, а потоа учествуваа на тркалезна маса за климатските промени, на која присуствуваа претставници од добротворни организации и финансискиот сектор. На повикот присуствуваше и Џон Кери, кој е специјален претставник на САД за климатски промени.


Пред да биде примен од Чарлс Трети, Бајден се сретна со премиерот Риши Сунак по шести пат по ред откако британскиот премиер ја презеде функцијата. Бајден и Сунак разговараа за голем број глобални прашања, вклучувајќи ја и војната во Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK