Кралот Чарлс: Комонвелтот треба да го признае своето болно минато

Кралот-Чарлс-закрепнува-добро-по-операцијата-пренесуваат-британските-медиуми.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британскиот крал Чарлс рече дека Комонвелтот треба да го признае своето болно минато бидејќи африканските и карипските нации продолжуваат да бараат репарации за улогата на неговата земја во прекуокеанската трговија со робови.


Претставници на 56 земји присуствуваат на состанокот на шефовите на влади на Комонвелтот што почна во понеделникот во Самоа, на кој главни теми се ропството и заканите од климатските промени.

„Слушајќи ги луѓето низ Комонвелтот, разбирам како сè уште одекнуваат најболните аспекти од нашето минато“, рече кралот во говорот на самитот.

„Затоа, од витално значење е да ја разбереме нашата историја, да не води кон правилен избор во иднина“, додаде тој.

Барањата од Британија да плати репарации или на друг начин да надомести за трансатлантското долгогодишно ропство, неодамна добија на интензитет низ целиот свет, особено меѓу Карипската заедница (CARICOM) и Африканската унија.

Противниците на репарациите велат дека земјите не треба да одговараат за историските неправди, додека оние кои ја поддржуваат велат дека наследството од ропството довело до денешната расна нееднаквост.

Британскиот премиер Кир Стармер изјави во понеделникот дека Британија треба да ги слуша нациите кои сакаат да разговараат за ова прашање на самитот, но одби да се извини за историската улога на земјата во трговијата со робови.

Министерот за надворешни работи на Бахамите, Фредерик Мичел вчера за Би-Би-Си изјави дека нацрт-заклучоците на самитот, кои се очекува да бидат објавени во сабота, содржат параграфи кои повикуваат на дискусија за репарациите.

Од 15-тиот до 19-тиот век, најмалку 12,5 милиони Африканци биле киднапирани и насилно земени од европските бродови и трговци и продадени во ропство.

Оние кои ги преживеаја бруталните патувања, завршија да работат на плантажи во нехумани услови, додека други профитираа од нивниот труд.

За време на самитот, земјите-членки треба да ја потпишат и Декларацијата на Комонвелтот за океанот, која има за цел да го зајакне финансирањето за да обезбеди здрав океан и да го реши прашањето за поморските граници.

„Она што Декларацијата за океанот се обидува да го направи и каже е дека вашите поморски граници ќе бидат поправени засекогаш“, рече главниот секретар на Комонвелтот, Патриша Скотланд, британска дипломатка и адвокатка родена во Доминика.

„Ова е неверојатно важно затоа што ќе им даде вистинска надеж на многумина кои се исплашени и чувствуваат дека никој не ги гледа, никој не слуша, никој не се грижи – и тоа не е вистина“.

Повеќе од половина од членките на Комонвелтот се мали нации, многу од нив острови се загрозени од зголемувањето на нивото на морето поради климатските промени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK