Кралот Чарлс беше насмеан во серија фотографии објавени од Бакингемската палата во четвртокот. Имено, монархот кој се лекува од рак се враќа на работа.
Минатиот месец, на 75-годишниот крал му беше дијагностициран рак, поради што беше принуден да се повлече од јавните должности. Но, фотографиите што ги сподели Палатата покажуваат како кралот се насмевнува додека се ракува со амбасадорката на Алжир во ОК, Нуредина Јазид. Чарлс се сретна и со мавританскиот амбасадор Самба Мамаду, а преку видео повик разговараше со канадскиот премиер Џастин Трудо, пишува Дејли Мејл.
Овие фотографии доаѓаат откако беше објавена вест, а потоа повлечена дека принцезата од Велс Кејт Мидлтон ќе присуствува на церемонијата на Trooping the Color на 8 јуни.
Кралските фанови се собраа да купат билети за церемонијата со цел конечно да ја видат принцезата. Како што објавија локалните медиуми, кратите се распродадоа за еден час.
Кралицата Камила заврши 13 официјални ангажмани откако беше откриена здравствената состојба на нејзиниот сопруг. На кралот му бил дијагностициран рак откако бил хоспитализиран поради лекување на зголемена простата.
Чарлс се лекуваше во истата болница како и принцезата од Велс, која во јануари имаше операција на абдоменот поради непозната состојба.
Принцезата од Велс не се појави во јавноста од декември 2023 година, кога присуствуваше на божиќната служба со своето семејство – нејзиниот сопруг принцот Вилијам и нивните три деца, принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот. Од палатата соопштија дека принцезата ќе се врати на своите обврски по Велигден.