Крајбрежната стража на САД вклучена во потрагата на туристичката подморница за посета на местото на бродоломот на Титаник

krajbrezhna straza
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Спасувачките тимови продолжуваат со потрагата по малечката подморница што се нурна во Северниот Атлантик во посета на местото на бродоломот на Титаник на океанското дно.

Капетан Џејми Фредерик од Првиот округ на Крајбрежната стража на САД денеска изјави дека спасувачките напори засега „не носат резултати“, додека екипите пребаруваат широки делови од стихијниот океан. Ескпертите велат дека спасителте се во трка со времето.


-Ова е сложена потрага. Сложена е поради различни причини. Од логистичка гледна точка, многу е тешко да се дојде до резултати бидејќи треба многу време и координација, изјаво тој.

Според него на помош треба да дојдат повеќе бродови и авиони, а во потрагата асистира и американската морнарица.

Малата подморница за петмина, дел од туристичка експедиција во посета на бродоломот на Титаник, патнички бод што потона во 1912 гидина, изгуби контакт со канадскиот истражувачки брод околу два часа откако се нурна во водите на океанот во неделата.

Подморницата содржела резерви на кислород што може да траат до 96 часа, а се проценува дека е останат кислород за уште 40 часа, затоа, според експертите, оваа спасувачка операција е трка со времето.

-Остануваат околу 40 часа воздух за дишење, основано на првичниот извештај, изјави Фредрик.

Пловилото требало да се врати синоќа, по што е започната трескавична меѓународна спасувачка операција што се одвива околу 1,500 километри источно од Кејп код, Масачусетс, на длабочина од 3.970 метри.

Во пловилото се наоѓаат британскиот милијардер Хамиш Хардинг, со државјаните на Пакистан Шахзада Давуд и неговиот син Сулеман, како и францускиот истражувач и експерт за Титаник, Пол-Анри Наргеле. Во пловилото е и извршниот директор на OceanGate Expeditions, компанијата што управува со малата подморница и ги организира подводните експедиции на Титаник.

Билетот за такво патување чини 250.000 долари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK