Косачев: Договорот ќе биде потпишан според условите на Москва, а не на Вашингтон


677z381_rusija-amerika-zastava-epa-efe-s.i.-nnnSERGEI-ILNITSKY.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Константин Косачев, претседателот на Комитетот за меѓународни прашања на Советот на Руската Федерација, коментирајќи го предложеното примирје договорено меѓу американските и украинските претставници, денеска изјави дека секој договор ќе биде според условите на Москва, а не на Вашингтон.


„Русија напредува во Украина и поради тоа ќе биде поинаку со Русија“, рече Константин Косачев во објавата на Телеграм, пренесува Ројтерс.

„Сите договори, со целосно разбирање за потребата од компромис, ќе бидат според наши услови, а не според американски услови. И ова не е фалење, туку разбирање дека таму, на бојното поле, се уште се пишуваат вистински договори. Тоа треба да го разберат и во Вашингтон“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK