– Конвојот на паравоената група „Вагнер“, што се приближува до Москва, има околу 5.000 борци јавија западни медиуми повикувајќи се на неименуван извор близок до властите во Доњецк.
Според неговите зборови, конвојот е предводен од командантот Дмитриј Уткин и планираат да заземат позиции во добро населени места.
Изворот тврди дека паравоената група има вкупно помалку од 25.000 борци, додека околу 5.000 од нив се во Ростов на Дон.
Според Би-Би-Си, групата Вагнер е приватна платеничка армија која се борeше заедно со редовната руска армија во Украина и се проценува дека има околу 25.000 војници, бројка што вчера ја потврди лидерот на групата Евгениј Пригожин.
Во јануари, Министерството за одбрана на Обединетото Кралство процени дека групата Вагнер имала максимум 50.000 војници во својот врв, но, наводно, околу 20.000 од нив биле убиени за време на борбите во Украина.
За споредба, се проценува дека руската армија брои околу 800.000 активни војници. Се верува дека претходно имало повеќе од еден милион руски војници, но се смета дека најмалку 220.000 станале жртви на војната во Украина.
Се верува дека Русија има дополнителни 250.000 војници во резерва, пишува Би-Би-Си.