Кинески хакери украле 60.000 мејлови на Стејт департментот

Кинески-хакери-украле-60000-мејлови-на-Стејт-департментот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Еден од претставниците на американскиот Сенат изјави за Ројтерс дека кинеските хакери успеале да украдат околу 60.000 мејлови од американскиот Стејт департмент.


На почетокот на оваа година, кинески хакери веќе извршија слични напади и ја урнаа платформата за е-пошта на Мајкрософт.

Овој пат, хакерите стигнаа до околу 60.000 електронски пораки и тие беа украдени од десет различни сметки на Стејт департментот.

Овој случај дополнително предизвика тензии меѓу Кина и Соединетите Американски Држави, при што официјален Пекинг негираше дека има некаква врска со овие акции.

„Мораме да ја зајакнеме нашата одбрана од вакви и слични сајбер напади. Такво нешто не смее да се случи во иднина“, изјави во оваа прилика сенаторот Ерик Шмит.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK