Кина: Жртвите од земјотресот изложени на ниски температури во шатори

Видео-Кина-Повеќе-од-100-луѓе-загинаа-во-разорен-земјотрес.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во земјотресот во кинеската провинција Гансу се урнаа речиси 15.000 домови, повеќе од 87.000 луѓе се раселени, а многу од нив ја поминаа ноќта во засолништа каде температурите паднаа под нулата, соопштија денеска властите на таа провинција.


На север, во провинцијата Ѓингај, спасувачите бараат 16 исчезнати лица од областа каде се поплавени две села, делумно со затрупани куќи, додека 18 загинаа, пренесува АП.

Официјални лица од провинцијата Гансу објавија дека нивната потрага е завршена во вторник и дека бројот на жртви е 113, а има 782 повредени, што заедно со повредените од Чингхаи претставуваат околу 1.000 повредени лица.

Бројот на загинати е најголем во ваков настан во последните девет години.

Експертите го објаснуваат високиот број на жртви со неколку фактори, меѓу кои и фактот дека земјотресот не се случил на голема длабочина, но и лошиот квалитет на градба во сиромашните региони.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK