Кина: Се спротивставуваме и го осудуваме насилството врз палестинските цивили и на оние во Израел

Кина-Се-спротивставуваме-и-го-осудуваме-насилството-врз-палестинските-цивили.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кина соопшти дека се спротивставува и го осудува насилството врз палестинските цивили и цивилите во Израел.


„Кина е многу загрижена поради неодамнешната ескалација на конфликтот меѓу Палестинците и Израел“, рече портпаролката на Министерството за надворешни работи Мао Нинг, додавајќи дека официјален Пекинг „изразува сочувство поради цивилните жртви во конфликтот и се спротивставува и ги осудува акциите кои им штетат на цивилите“, пишува „Тајмс оф Израел“.

Соопштението од Пекинг доаѓа откако лидерот на мнозинството во американскиот Сенат, Чак Шумер, му кажа на кинескиот министер за надворешни работи дека е многу разочаран од претходната изјава на Пекинг за неодамнешниот напад на Хамас, за која рече дека не покажува никакво сочувство или поддршка за Израел.

„Ве повикувам вас и кинескиот народ да застанете со израелскиот народ и да ги осудите овие кукавички и сурови напади“, му рече Шамер, кој ја предводи делегацијата од шест сенатори во посета на Кина, на кинескиот министер за надворешни работи.

Во вчерашното соопштение кинеското Министерство за надворешни работи ги повика двете страни да покажат воздржаност и веднаш да ги прекинат непријателствата.

Во апелот на официјален Пекинг се вели и дека формирањето на независна држава Палестина е основниот начин за решавање на проблемот на Блискиот Исток, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK