Кина: Ќе продолжиме да играме конструктивна улога во решавањето на украинската криза

За-Кина-смртта-на-Навални-е-внатрешна-работа-на-Русија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кина најави дека ќе продолжи да игра конструктивна улога во политичкото решавање на кризата во Украина и да ја одржува комуникацијата со сите инволвирани страни, вклучително и Киев, изјави Мао Нинг, портпаролка на Министерството за надворешни работи на Кина.


„Кина прави напори да одигра конструктивна улога во прекинот на огнот, промовирање на мировните преговори и политичко решавање на кризата“, рече Мао, одговарајќи на прашањето на дописникот на Укринформ.

Според неа, Кина ќе продолжи да дејствува доследно и во согласност со сопствената визија за начините за завршување на конфликтот.

„Ќе продолжиме да ги промовираме мировните преговори на наш начин и да комуницираме со сите заинтересирани страни, вклучително и Украина, со цел да се олесни политичкото решение на кризата“,  изјави портпаролката на кинеското Министерство.

Министерот за надворешни работи на Франција, Стефан Сежурне ја повика Кина да игра поактивна улога во воениот конфликт меѓу Русија и Украина и да испрати соодветен сигнал до Русија, потсетува агенцијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK