Кина ја одобри изградбата на најголемата хидроелектрична брана во светот, со што започнува амбициозен проект на источниот раб на Тибетската висорамнина што може да влијае на милиони луѓе низводно во Индија и Бангладеш.
Браната, која ќе се наоѓа во долниот тек на реката Јарлунг Зангбо, би можела да генерира 300 милијарди киловатчасови електрична енергија годишно, според проценката на „Power Construction Corp of China“ во 2020 година.
Ова би било три пати повеќе од проектираниот капацитет на браната Три клисури од 88,2 милијарди киловатчасови , моментално најголемата во светот, во централна Кина.
Проектот ќе игра голема улога во исполнувањето на целите на Кина за постигнување максимална јаглеродна неутралност, стимулирање на поврзаните индустрии како што е инженерството и создавање нови работни места во Тибет, објави во средата официјалната новинска агенција „Ксинхуа“.
Делот од реката Јарлунг Зангбо се спушта на драматични 2.000 метри на краток распон од 50 километри, нудејќи огромен хидроенергетски потенцијал, како и уникатни инженерски предизвици.