Главната шпионска агенција на Кина ги предупреди студентите со пристап до чувствителни податоци да се чуваат од атрактивни мажи и убави жени кои се преправаат дека имаат чувства кон нив за да ги намамат да шпионираат за странски ентитети, а со тоа да ја загрозат националната безбедност.
Кинеското Министерство за државна безбедност денеска на јавната социјална мрежа WeChat детално предупреди како студентите можат да бидат изманипулирани да откриваат важни информации на безброј начини. Министерството наведува дека е откриено дека странски разузнавачки и шпионски агенции се инфилтрирани во студентите кои се обидуваат да ги придобијат.
„Тие ја користат младешката љубопитност и волјата да испробаат нови работи“, се вели во соопштението за медиумите.
„Атрактивните мажи и убави жени се преправаат дека се внимателни и сочувствителни и со лажни чувства ги водат во замка на љубовта“, посочуваат од министерството.
Министерството додава дека студентите кои имаат пристап до чувствителни, научни податоци се првенствено на удар, а шпиони им приоѓаат преправајќи се дека се академици, вработени во истражувачки институции и консултантски компании.
„Тие ги намамуваат студентите со високо платени работни места со скратено работно време, наводно заради истражување на пазарот и академска размена“, предупредуваат кинеските власти.