Кина бара од САД да ги укинат едностраните санкции за кинеските компании

kina-sad
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кинеските власти ги повикаа САД да ги укинат едностраните санкции за кинеските компании, пред можната посета на американската министерка за трговија Џина Рејмондо.

„САД сериозно ги оштетија интересите на кинеските компании“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за трговија, Шу Јуетинг, пренесе Ројтерс.


Тој додаде дека Кина цврсто се противи на ова и го повика Вашингтон веднаш да престане со „неразумното задушување на кинеските компании и да ги повлече едностраните санкции против нив“.

Одговарајќи на прашање за можна посета на американскиот министер за трговија, Шу рече дека Кина е отворена за таква посета и дека е во комуникација со САД по тоа прашање.

„Кина ќе остане посветена на решавање на економските и трговските проблеми преку комуникација и дијалог, а истовремено ќе промовира конструктивна и практична соработка“, посочи Шу.

САД воведоа санкции за кинеските компании кои наводно се вклучени во принудна работа во далечниот западен кинески регион Ксинџијанг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK