Кина бара гаранции за правата на Палестинците

Кина-бара-гаранции-за-правата-на-Палестинците.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Специјалниот кинески пратеник за Блискиот Исток ја припишува причината за кризата во односите меѓу Израел и Газа на недостатокот на гаранции за легитимните, национални права на Палестинците, рече тој на средбата со неговиот руски колега.


Кинескиот пратеник за Блискиот исток, Жаи Јун слета во Катар каде заедно со рускиот пратеник Михаил Богданов ја координираше позицијата на Пекинг со Москва во однос на нивните напори за деескалација на конфликтот во Газа.

„Клучната причина поради која ја имаме оваа ситуација во палестинско-израелскиот конфликт е тоа што на палестинскиот народ не му се загарантирани легитимните национални права“, рече Жаи, еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин одржа разговори со кинескиот лидер Си Џинпинг во Пекинг.

Вооружени членови на Хамас на 7 октомври влегоа во јужен Израел од Појасот Газа, каде што убија најмалку 1.400 луѓе, на што Израелците возвратија со воздушни напади, а 2,3 милиони жители на Газа се под опсада.

Една недела подоцна, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји го осуди „секој чин што им штети на цивилите“, но не го именуваше Хамас, додека рече дека израелските акции „ја преминале линијата на самоодбрана“.

Во спротивниот табор од Кина и Русија се САД, чиј претседател Џо Бајден најави дека ќе бара дополнителни средства за помош на Израел, вредна неколку милијарди долари, за да може да се бори против Хамас.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK