Ким Џонг-ун му испрати писмо на кинескиот претседател: „Се надевам на пријателство и соработка“

Ким-Џонг-ун-му-испрати-писмо-на-кинескиот-претседател-„Се-надевам.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-Ун, во писмо до кинескиот претседател Шји Џинпинг вети дека ќе ги унапредува односите на соработка, објави денеска севернокорејскиот државен медиум „КЦНА“.


Писмото е одговор на честитките испратени од Шји и по повод 75-годишнината од основањето на Северна Кореја, во кои претседателот изразил подготвеност да ја зајакне стратешката комуникација и работната соработка.

„Верувам дека односите на пријателство и соработка меѓу Демократската Народна Република Кореја (ДНРК) и Кина стабилно ќе се развиваат во согласност со барањата на новата ера и желбите на двата народа во иднина“, напиша Ким.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK