Киев: Во контраофанзивата, Украина досега ослободи 227 квадратни километри од руска окупација

kiev
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинските војници, во неколкунеделната контраофанзива, ослободија 227 квадратни километри земја заземена од Русија, изјави заменик-министерката за одбрана Хана Малиар.

Таа рече дека силите на Киев вратиле 192 квадратни километри територија на јужните делови на фронтот. Од нив, 12 квадратни километри беа ослободени во текот на минатата недела.


Во делот околу градот Бахмут, кој сега е под контрола на руските сили, Украина повторно зазеде вкупно 35 квадратни километри.

Минатата недела Украина поврати четири квадратни километри во источниот регион Доњецк. Информациите не можат да бидат независно проверени, јави ДПА.

Русија почна војна против Украина во февруари 2022 година. Украинските воени набљудувачи велат дека трупите на Кремљ сè уште контролираат повеќе од 100.000 квадратни километри украинска територија, вклучувајќи го и полуостровот Крим, незаконски анектиран во 2014 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK