Кечијанг кремиран во Кина, граѓаните жалат за неговата смрт

Кечијанг-кремиран-во-Кина-граѓаните-жалат-за-неговата-смрт.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Народниот премиер“ Ли Кечијанг беше кремиран во Кина, граѓаните жалат за неговата смрт


Кина го спушти своето национално знаме на половина копје на плоштадот Тјенанмен во Пекинг поради изливот на тага и кремирањето на поранешниот премиер Ли Кечијанг, познат како „народен премиер“ поради неговите реформи и грижата за обичните луѓе.

Ли, поранешен економист и прореформски лидер, кој беше премиер 10 години пред да се повлече во март, почина од срцев удар во Шангај минатиот петок. Имаше 68 години.

„Во спомен на другарот Ли Кечијанг, знамињата беа спуштени на половина копје на плоштадот Тјенанмен во главниот град“, објавија државните медиуми.

Поранешниот претседател Ху Џинтао испрати венец за да изрази сочувство за смртта на Кечијанг, пренесува „Ксинхуа“.

Пораки за починатиот премиер ги преплавија платформите на социјалните мрежи додека кинеските граѓани тагуваат за неговата смрт. Многумина оддаваат почит и велат дека луѓето ќе се сеќаваат на Ли, додека некои споделија фотографии и видеа од Ли од минатото со цитати од него.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK