Катастрофално невреме во Германија: аеродромот во Франкфурт целосно поплавен, десетици летови откажани

1692261889_9.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Голем дел од Германија во текот на ноќта беше погоден од силно невреме, а силниот дожд предизвика поплави и откажани се десетици летови од аеродромот во Франкфурт, соопштија денеска властите.


Од аеродромот соопштија дека на пистата се насобрале големи количини вода и дека услугите на аеродромот не работат повеќе од два часа.

На веб-страницата на аеродромот беше објавено дека до 23 часот се откажани околу 70 летови, додека 23 летови се пренасочени кон други аеродроми.

Поради обилните врнежи во делови на југозападна и централна Германија поплавени се подрумите, улиците и станици на метра.

Противпожарната служба соопшти дека луѓето се спасени од автомобили, бидејќи подвозниците биле под вода. Во Ерфурт поради силниот ветер се превртеле два камиона, а возачите се полесно повредени, соопшти полицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK