Катар и ОАЕ ги обновија дипломатските односи

katar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Катар и Обединетите Арапски Емирати денеска повторно ги отворија своите амбасади во двете земји од Персискиот Залив, откако се договорија за обновување на дипломатските односи, соопшти катарското Министерство за надворешни работи.

Обновувањето на дипломатските односи доаѓа во време на пошироки регионални повици за помирување и повеќе од две години откако арапските земји го прекинаа бојкотот на Катар што му наштети на арапскиот блок од Персиски Залив, сојузник на Западот.


Абу Даби и Доха повеќе години имаат спор за влијанието во регионот, улогата на исламот во политиката и поддршката за продемократските движења ширум Блискиот Исток.

Во 2017 година, Саудиска Арабија, ОАЕ, Бахреин и Египет ги прекинаа сите врски со Катар поради обвинувања за поддршка на тероризмот, повикување на политичкиот ислам и обвинувања дека се приближил до Иран. Доха ги негираше обвинувањата.

Ријад и Каиро беа првите кои повторно именуваа амбасадори во Доха во 2021 година по договорот предводен од Саудиска Арабија за ставање крај на спорот, а дипломатската мисија на Бахреин во Доха сè уште не е отворена.

Обновувањето на врските уследи откако Иран и Саудиска Арабија се договорија да ги обноват односите по неколкугодишно непријателство, што ја влоши војната во Јемен и придонесе за зголемување на нестабилноста во земјите од Персиски Залив.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK