Расцепканото движење за независност на Каталонија, поделено меѓу партиите на левицата и десницата, би можело повторно да се обедини бидејќи формирањето влада во Шпанија зависи од тоа по нерешените парламентарни избори. Каталонската републиканска левица (ERC), партијата на регионалниот премиер Пере Арагонес, денеска со писмо се обрати до партијата на десниот центар „Заедно за Каталонија“ (JxCAT) предводена од поранешниот премиер во егзил Карлес Пуџдемон.
Во писмото партијата предлага заедничко барање за референдум за независност на Каталонија, амнестија за осудените учесници на забранетиот референдум од 2017 година и воведување на каталонскиот јазик во Европскиот парламент како еден од официјалните јазици. Тоа би биле условите социјалистичкиот премиер Педро Санчез да остане на власт во Шпанија уште четири години.
Десниот блок партии доби 172, а левиот блок предводен од Санчез 171 претставник на парламентарните избори во Шпанија одржани пред една недела. За да се формира шпанската влада, потребни се 176 претставници во 350-члениот парламент, што ниту еден блок не може да го достигне.