Канаѓаните се прашуваат каде е снегот: „Ова е шок, во 55 години не сум видел ваква зима“

Канаѓаните-се-прашуваат-каде-е-снегот-„Ова-е-шок-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Низ Канада, огромна земја позната по суровите зими и обилните снежни врнежи, луѓето ќе се разбудат овој Божиќ со едноставна мисла: Каде е снегот?


Имено, нема многу од тоа. Од брег до брег, север кон југ, делови од земјата кои треба да бидат ледено бели се наместа зелени и кафеави.

„Јас сум синоптичар 55 години и никогаш не сум видел зима како овогодиншниот официјален прв ден на зимата“, рече Дејвид Филипс, виш климатолог во федералното министерство за животна средина.

„Тоа не изгледа како зима, не се чувствува како зима, но сепак е зима. Мислам дека тоа е шок за мене“, додаде тој.

Околу 75 проценти од Канаѓаните обично имаат бел Божиќ, а сега процентот е близу нула. Зимите обично се најтешки во провинциите без излез на море како Алберта, каде што често паѓа снег повеќе од пет месеци.

Меѓутоа, во петокот во Едмонтон, главниот град на Алберта е забележана висока температура од 7 степени Целзиусови, додека лани во истиот период изнесувала -28 Целзиусови степени.

Понатаму на исток во провинцијата Манитоба, пријатното време го погодува дури и градот Винипег, кој традиционално е толку студен во овој период од годината што локалното население го нарекува Винтерпег.

„Навистина е чудно, речиси и да нема снег“, рече Лин Стадник, која живее во Винипег, истакнувајќи дека сè уште може да ја види тревата во дворот на соседот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK