­

Канадскиот премиер: Царините на Трамп се трагедија


mark-karni.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Канадскиот премиер Марк Карни најави ограничен сет на контрамерки против американските царини, нарекувајќи ги протекционистичките потези на американскиот претседател Доналд Трамп трагедија за светската трговија.


Карни рече дека канадската влада ќе го имитира американскиот пристап и ќе воведе царини од 25 отсто за сите возила увезени од САД кои не спаѓаат во трговскиот договор меѓу САД, Мексико и Канада.

Новата мерка ќе се применува за увезена стока во вредност од 35,6 милијарди канадски долари (околу 22,8 милијарди евра), изјави владиниот портпарол.

Карни на прес-конференцијата рече и дека новите тарифи нема да важат за автоделови и нема да влијаат на деловите од Мексико.

„Со оглед на очекуваната штета за сопствениот народ, американската администрација на крајот треба да го смени правецот на својата политика. Но, не сакам да давам лажна надеж“, рече Карни, додавајќи дека би можело да помине многу време пред САД да го променат својот пристап.

Карни рече дека претходно најавените канадски царини ќе останат на сила.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK