Камерон: Сунак е силен и способен лидер иако во минатото не се согласував со него

Камерон-Сунак-е-силен-и-способен-лидер-иако-во-минатото.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Риши Сунак е „силен и способен лидер“, иако можеби не се согласував со некои од неговите индивидуални одлуки, изјави денеска новоименуваниот британски министер за надворешни работи Дејвид Камерон, додавајќи дека сака тој да биде дел од „најсилниот можен тим“ пред општите избори во Британија.



„Иако во последните седум години сум надвор од политиката, се надевам дека моето искуство како лидер на конзервативната партија во текот на 11 години и шест години колку што бев премиер ќе ми помогне да му бидам корисен на премиерот. Сакам да му помогнам да обезбеди сигурност и просперитет што и се потребни на нашата земја“, рече Камерон на мрежата X. Тој посочи дека дипломатските и разузнавачките служби се меѓу највредните „средства од ваков вид“ во светот. „Од времето на мојот мандат знам дека таму работат брилијантни, патриотски и вредни луѓе.

Добро ги водеше Џејмс Клеверли, со кого со нетрпение очекувам да работам во неговата нова улога“, изјави Камерон. Според Би-Би-Си, Камерон бил „насмеан“ додека одел до Форин Офисот откако го напуштил Даунинг стрит број 10. Зборувајќи за геополитичката ситуација со која се соочува како новоименуван министер, Камерон рече дека ова е момент на длабоки глобални промени.

„Се соочуваме со застрашувачки низа меѓународни предизвици, вклучувајќи ја војната во Украина и кризата на Блискиот Исток. Во овој момент на длабоки глобални промени, ретко беше поважно за оваа земја да застане со нашите сојузници, да ги зајакне нашите партнерства и да обезбеди нашите гласови да се слушаат“, рече Камерон. Британскиот премиер Риши Сунак претходно денеска го назначи Камерон за нов министер за надворешни работи, како дел од реконструкцијата на владата. Поранешниот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли беше назначен за министер за внатрешни работи, откако беше разрешена поранешната министерка Суела Браверман. Таа рече дека полицијата била „премногу мека“ кон „пропалестинската толпа“, нарекувајќи ги демонстрантите кои протестираа за поддршка на Палестина за време на викендот „маршеви на омраза“.

Камерон беше премиер на Британија од 2010 до 2016 година, а поднесе оставка по референдумот за „Брегзит“, кога граѓаните на Велика Британија гласаа за излез од ЕУ, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK