Какво оружје имаат Израел и Хамас: од Железната купола до балистички ракети

Какво-оружје-имаат-Израел-и-Хамас-од-Железната-купола-до.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Според извештаите на медиумите во светот, на Израел беа истрелани канонадa од ракети кои го запалија небото. Воздушните напади го погодија густо населениот Појас Газа. Заканата од израелски тенкови да ја преминат границата во копнена инвазија е многу реална.



Смртоносниот конфликт доведе до војна меѓу две страни со различни воени способности, со повеќе од 1.400 мртви.

Израелската армија е поконвенционална армија споредено со американската или британската – со значајна разлика што врши регрутација – додека Хамас е многу добро вооружена герилска организација, анализираат познавачите.

„Скај њуз“ дава преглед на оружјето и опремата што ги имаат двете страни во оваа брутална војна.

Израелската армија има голем број тенкови и оклопни возила и тие прават „вистинска разлика“ кога ги преминуваат границите на други територии, изјави професорот Мајкл Кларк за „Скај њуз“.

Дизајниран и главно произведен во Израел, тенкот има тежок фронтален оклоп за да обезбеди максимална заштита за четворицата членови на екипажот и е вооружен со главен топ од 120 мм, како и секундарно вооружување.

Во однос на воздушната моќ, израелската војска користи сопствени борбени авиони „Кфир“ – повеќенаменски воени авиони базирани на авионите „Мираж“ од француско производство.

Воздухопловните сили имаат и голем број напредни авиони „F-35 Lightning II“ добиени од САД.

Војската на Израел е генерално високо-технолошка и многу иновативна, рече професорот Кларк, а исто така често ја користи технологијата на беспилотни летала.

Јавна тајна кога станува збор за Израел, според него е присуството на нуклеарно оружје, додаде тој.

„Тие го имаат сигурно, 100 проценти. Ниту еден Израелец никогаш нема да го потврди или негира тоа“, посочи тој.

Кларк вели дека израелската воена доктрина користи нуклеарно оружје како „крајно одвраќање“ во ситуации кога се смета дека е загрозено постоењето на државата Израел од странски сили.

„Не планираат да го користат во Газа, премногу е блиску“, додаде тој.

Хамас е една од најдобро вооружените герилски организации во светот, рече професорот Кларк.

Ним им недостигаат ист тип на оклопни возила како на Израел од различни причини, според професорот.

„Тие работат на помошни возила како „Land Rover Discoverys“ и монтираат оружје на задната страна, како тежок митралез калибар 0,30“, додаде тој.

И додека Израел има свој систем за воздушна одбрана „Железна купола“, Хамас успеа да го совлада со огромен број ракети како што тоа го направи во последните денови, кажува тој.

Хамас користи различни верзии на балистичките ракети земја-земја „Фатех-110“ од иранско производство, кои се мобилни и можат да носат боеви глави со тежина до 500 килограми.

Хамас има и противтенковски ракети слични на американскиот „Стингер“.

„Хамас е многу добро снабден со одредени видови работи и тие се обучени да ги користат“, додаде Кларк.

На прашањето колку борци има Хамас, Кларк рече дека претходните проценки биле околу 10.000, но додаде дека „кога ќе се почувствува насилство, тие можат да мобилизираат многу луѓе“.

„Бројките може да се движат од 10.000 до 40.000 – 50.000“, заклучува тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK