Во близина на хотелот Москва во центарот на Белград, на клупа, пред влезот во паркот Теразиска тераса, пронајдена е сомнителна торба. Според неофицијални информации до кои дојде Данас, полицијата добила лажна дојава за бомба.
Силни полициски сили се на терен. Припадниците на МУП го регулирале сообраќајот во тој дел на Белград и не им дозволувале на минувачите да се приближат до платото пред хотелот, како и до блискиот парк, пренесува Данас. Сепак, се очекува наскоро сообраќајот да се одвива нормално.
Некои припадници на МУП беа во заштитни одела, други беа вооружени со долги цевки, а на терен имаше и полициско куче.