Претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров најави подготвеност на неговите воени единици да станат дел од мировните сили во палестинско-израелскиот конфликт.
„Апелирам до меѓународната заедница барем еднаш едногласно да донесе правична одлука за ситуацијата во Палестина. Апелирам до лидерите на муслиманските земји: формирајте коалиција и поканете ги оние што ги нарекувате пријатели, Европа и целиот Запад, за да не бомбардирате цивили под изговор дека истребувате милитанти“, напиша Кадиров на каналот Телеграм, пренесува РИА Новости.
Тој повика на прекин на војната и на каква било форма на ескалација на ситуацијата.
„Доколку е потребно, нашите единици се подготвени да дејствуваат како мировници за да го воспостават редот“, додаде Кадиров.