Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол денеска се извини за неговиот обид да воведе вонредна воена состојба оваа недела во телевизиско обраќање до нацијата, само неколку часа пред планираното гласање за импичмент.
Тоа беше, исто така, прво јавно појавување на Јун откако ја укина наредбата рано во средата, само шест часа откако беше прогласена и откако парламентот се спротивстави на воените и полициските кордони за да гласа против декретот.
„Многу ми е жал и би сакал искрено да им се извинам на луѓето кои беа шокирани“, рече Јун, додавајќи дека нема да се обиде да ја избегне правната и политичката одговорност за неговата одлука, која додаде дека е направена од очај.
Лидерот на владејачката партија во Јужна Кореја, Хан Донг-Хун, по обраќањето на Јун изјави дека претседателот повеќе не е во позиција да извршува јавна функција и дека неговата оставка сега е неизбежна.
Хан во петокот рече дека Јун е опасност за земјата и треба да биде отстранет од власт, зголемувајќи го притисокот врз Јун да се повлече, иако членовите на неговата Партија на народна моќ (ППП) подоцна го потврдија формалното противење на неговото отповикување.
Пратениците подоцна денеска ќе гласаат за предлогот на главната опозициска Демократска партија за отповикување на Јун, како и за кривично гонење на првата дама Ким Кеон Хи.
Поради се, денеска се очекува да продолжат протестите на Јужнокорејците.