– Откако неколку дена претходно го назначи новиот министер за обединување, јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јеол денеска изјави дека Министерството премногу се фокусирало на помагање на Северна Кореја во минатото и дека треба да се направат измени.
-Министерството за обединување дејствуваше како министерство за да и помогне на Северна Кореја и тоа е погрешно, нагласи Јун во изјавата објавена од неговиот портпарол, додавајќи дека е време да се промени институцијата.
Според извештајот, Јун го повика Министерството да се залага за либералните демократски вредности и рече дека обединувањето треба да донесе „подобар и похуман живот“ на луѓето на југ и север.