Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол ќе присуствува на самитот на НАТО следната недела во Литванија, јави Јонхап.
Властите во Јужна Кореја и Јапонија на маргините на безбедносниот форум во Вилнус договараат средба меѓу Јун и јапонскиот премиер Фумио Кишида, додава јужнокорејската агенција.
Јужнокорејското претседателство потврди дека покрај оваа средба во Вилнус ќе има и разговори во формат на лидерите на Јужна Кореја, Јапонија, Австралија и Нов Зеланд.
За време на посетата на Европа, претседателот Јун треба да оствари официјална посета на Полска