Јужнокорејскиот претседател Џун Сук Јеол денеска нареди воен авион итно да ги евакуира јужнокорејските граѓани од Израел и другите делови на Блискиот Исток поради разгорувачките тензии во тој регион, соопштија од неговиот кабинет.
Џун се сретна со советници за национална безбедност и економски прашања во врска со конфликтот на Блискиот Исток и повика на брз, но одмерен одговор на каков било удар врз синџирите за снабдување со енергија и трговија на Јужна Кореја, се вели во соопштението, пренесува Ројтерс.
Џун нагласи дека безбедноста на јужнокорејските граѓани во регионот на Блискиот Исток е врвен приоритет и дека мора да се преземат сите неопходни мерки во овој поглед.