Армијата на Јордан објави дека сите единици и формации во нејзините вооружени сили се ставени во состојба на висока готовност за да се спротивстават на сите обиди кои ја загрозуваат безбедноста и стабилноста на кралството.
„Главната команда внимателно го следи развојот на настаните во регионот и ги презеде неопходните мерки на претпазливост за поддршка на војниците на линијата на фронтот со цел да се заштити татковината“, се вели во соопштението.
Инаку, британскиот премиер Кеир Стармер потврди дека вечерва разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и јорданскиот крал Абдула, пренесува „Скај њуз“.
Јорданската управа за јавна безбедност тврди дека противвоздушната одбрана пресретнала ракети и беспилотни летала за време на денешниот ирански напад врз Израел.
„Кралското јорданско воздухопловство и системите за противвоздушна одбрана одговорија на бројни проектили и беспилотни летала кои влегоа во јорданскиот воздушен простор“, велат тие.
Во 1994 година, Јордан стана втората арапска земја која воспостави дипломатски врски со Израел. Двете земји имаат силна безбедносна и разузнавачка соработка. Сепак, односите меѓу Аман и Ерусалим, често затегнати во последниве години, станаа значително понапнати од почетокот на израелската војна со Хамас.
Затоа, беше изненадувачки кога Јорданците подигнаа воени авиони и соборија ирански проектили за време на иранскиот напад врз Израел во април оваа година.