Јапонски милијардер откажа приватен лет околу Месечината

f4853e96-982d-43c2-8a93-4d37dd93aaaa.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава ја откажа својата мисија „DearMoon“, која требаше да биде првото приватно вселенско летало што ќе прелета околу Месечината, беше објавено денеска.

Тимот на Маезава првично имаше намера да лета околу Месечината со познати личности на крајот на минатата година, но тоа не беше можно, се вели во соопштението на веб-страницата на мисијата.

„Без јасен распоред во блиска иднина, Маезава ја донесе неизбежната одлука со тешко срце и го откажа проектот“, се вели во соопштението.

„На сите кои го поддржаа овој проект и со нетрпение го очекуваа овој потфат, искрено им се заблагодаруваме и се извинуваме за ваквиот исход“, се додава.

Во соопштението за медиумите не се наведени детали за причините за откажувањето на мисијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK