Јапонија издаде нови банкноти со 3Д холограм за да спречи фалсификување

банк-јап.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јапонија денеска, по две децении, издаде нови банкноти, изработени со помош на 3Д холограм технологија, за да се спречи фалсификување. Премиерот Фумио Кишида банкнотите од 10.000, 5.000 и 1.000 јени ги нарече „историски“.


Се надевам дека на луѓето ќе им се допаднат новите банкноти, кои ќе и помогнат на јапонската економија, изјави Кишида за новинарите.

Старите банкноти ќе останат во употреба, бидејќи ќе се користат во повеќето банкомати, наведува „АП“.

Кашида рече дека ликовите на новите банкноти му оддаваат почит на јапонскиот капитализам, еднаквоста на жените и научните достигнувања.

На банкнотата од 10.000 јени, која вреди околу 62 долари, стои ликот на „таткото на јапонскиот капитализам“ Еиичи Шибусава, клучна фигура во изградбата на модерната јапонска економија и основач на неколку стотици компании.

Сликата на феминистката Умеко Цуда е на банкнотата од 5.000 јени, додека на банкнотата од 1.000 јени е бактериологот Шибасабуро Китасато, познат по неговото истражување за тетанус и чума.

Најавено е дека до крајот на март ќе бидат испечатени речиси 7,5 милијарди нови банкноти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK