Ја запалил сопругата, нејзината мајка и себеси: соседите биле сведоци на хоророт во Романија

Хорор-во-Букурешт-Жена-скокнала-од-5-ти-кат-паднала-врз.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вистинска драма се одвивала вчера во Букурешт кога 64-годишен маж во излив на бес ја запалил својата невенчана сопруга, а потоа и себеси. Во нападот е повредена и неговата баба, мајката на сопругата, која се обидувала да го изгасне пламенот.


Настанот се случил околу 17 часот, а двете жени и напаѓачот се живи само благодарение на брзата реакција на соседите.

На грозоморниот напад му претходела кавга меѓу двајцата сопружници, а бабата се обидела да ги смири, но во следниот момент и таа и нејзината ќерка биле во пламен.

Сите тројца се пренесени во болница со тешки изгореници, а според романските медиуми мажот е во критична состојба.

Нападот се случил во куќата на жената со која мажот бил во врска. Расправијата наводно започнала кога жената рекла дека повеќе не сака да биде со него, а тој физички ја нападнал. Нејзината мајка потоа скокнала за да ја одбрани ќерката, а мажот во излив на бес ја запалил невенчаната сопруга. Нејзината мајка скокнала врз ќерката за да го изгасне пламенот, а мажот потоа ја запалил и неа и себеси.

Од трагична смрт ги спасил сосед кој слушнал врескање, а потоа видел пламен низ прозорецот.

„Грабнав кофа со вода и втрчав во куќата. Лежеа на патос во пламен. Можеше да се прошири и до мојата куќа, делиме ѕид“, вели соседот.

Набрзо пристигнала брза помош која ги затекнала жените во свесна состојба со бројни изгореници но напаѓачот се здобил со изгореници на 80 отсто од телото.

Полицијата соопшти дека повикот го примила околу 16 часот и 45 минути и дека на лице место затекнала три лица со тешки повреди.

„Првите резултати од истрагата покажуваат дека маж (64) по вербална расправија фрлил запалива материја кон својата невенчана сопруга и кон себе, а потоа зел запалка. Повредена е постара жена обидувајќи се да ја спаси ќерката“, соопшти полицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK