Експлозијата во Тел Авив, во која едно лице загина, а друго е повредено, е терористички напад извршен со моќен експлозив, соопштија израелските власти.
Во заедничкото соопштение на полицијата и израелската безбедносна агенција Шин Бет, се наведува дека во синоќешниот напад била употребена „моќна експлозивна направа“ – но не е откриен идентитетот на напаѓачот, ниту мотивот на нападот.
Во експлозијата загина едно лице, за кое се претпоставува дека е бомбашот. Повреден е само случаен минувач чија здравствена состојба е стабилна.
Израелските медиуми објавија безбедносна снимка на која се гледа како напаѓачот оди по улица носејќи голем ранец непосредно пред експлозијата.