Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека рано утринава извршиле десетици воздушни напади во јужен Либан.
„ИДФ врши „широки“ напади врз цели на Хезболах во јужен Либан“, пишува „Тајмс оф Израел“.
Последниот бран воздушни напади уследи по напнатиот ден во кој Хезболах истрела повеќе од сто ракети во северен Израел, од кои некои паднаа во близина на градот Хаифа.