Израелскиот министер му се закани на Хезболах: „На Бејрут може да му се случи Газа“

Израелскиот-министер-му-се-закани-на-Хезболах-„На-Бејрут-може.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, го предупреди либанскиот Хезболах дека Бејрут може да ја доживее судбината на Газа доколку проиранската група го вовлече Либан во војна.


„Она што можеме да го направиме во Газа, можеме да го направиме и во Бејрут“, рече Галант за време на посетата на северен Израел, во близина на границата со Либан.

„Ако Хезболах направи такви грешки овде, први што ќе ја платат цената ќе бидат граѓаните на Либан“, предупреди тој.

Додаде дека оваа шиитска група го вовлекува Либан во војна.

Хезболах разменува оган со израелските сили на либанско-израелскиот фронт од 8 октомври и оттогаш 70 нивни борци се убиени. Убиени се и неколку цивили, пишува Ројтерс.

Израел ја засили опсадата на Газа по нападот на Хамас на 7 октомври во кој, според Израел, беа убиени 1.200 луѓе, а околу 240 беа киднапирани во палестинската енклава.

Здравствените власти во Газа соопштија дека повеќе од 11.000 луѓе, од кои многу жени и деца, се убиени откако Израел ја започна својата операција во малиот крајбрежен појас каде живеат 2,3 милиони луѓе.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK