Бен Гвир се заканува дека ќе ја распушти израелската влада доколку војната против Хамас не продолжи, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир денеска изјави дека ќе ја растури Владата доколку Израел не ја продолжи војната против палестинската милитантна група Хамас.
„Запирање на војната е еднакво на кршење на владата“, рече Бен Гвир, според „Тајмс оф Израел“.
Партијата на Бен Гвир „Окма Џехудит“ има тројца министри во воениот кабинет, па се очекува владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху да го преживее заминувањето на Бен Гвир, наведува порталот.
Израел и Хамас постигнаа договор за повеќедневен прекин на огнот кој ќе трае до утре.