Израелскиот безбедносен кабинет одобри продолжување на задолжителната воена служба на три години, од претходните 32 месеци, објавија денеска израелските медиуми.
Во недела израелската влада ќе гласа за продолжување на задолжителниот воен рок, а таа одлука ќе важи осум години по гласањето, пренесува Канал 12.
Овој потег доаѓа неколку дена откако министерот за одбрана Јоав Галант ја повика владата да ја усвои мерката.