Израелските сили денеска пристигнаа со тенкови пред портите на болницата Ал Шифа во градот Газа, каде што најмалку 32 пациенти, меѓу кои три предвремено родени бебиња, починаа поради прекинот на услугите во изминатите три дена, јавува Ал Арабија, повикувајќи се на персоналот.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска објавија дека нивните војници убиле членови на терористичка ќелија која наводно отворила оган врз нив од болницата Ал Кудс во градот Газа. Според ИДФ, членовите на наводната терористичка ќелија отвориле оган врз војниците на 188-та оклопна бригада од лесно оружје, додека тие биле „меѓу цивилите на влезот во болницата“, пишува Тајмс оф Израел.
Лекарите во болницата Ал Шифа во северниот дел на Газа ја отфрлија наредбата за задолжителна евакуација на болницата од израелските одбранбени сили (ИДФ), бидејќи стравуваат дека околу 700 пациенти со висок ризик ќе умрат ако останат зад нив, изјави генералниот директор на Министерството за здравство во Газа, Мунир Ал Бурш.