Израелската армија нападна училиште во Газа, убени девет Палестинци

5-11.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелската армија (ИДФ) тврди дека извршила воздушен напад врз оперативци на Хамас во командна просторија сместена во училиште во градот Газа.


Според нивната изјава, Хамас ја користел командната соба во училиштето Мустафа Хафез за планирање и извршување напади врз војниците во Газа и Израел, пишува Тајмс оф Израел.

ИДФ соопшти дека презела „многу чекори“ за да се ублажи штетата предизвикана на цивилите во нападот, вклучително и употребата на прецизна муниција, воздушниот надзор и други разузнавачки информации.

„Терористичката организација Хамас систематски го крши меѓународното право, користејќи ги цивилните институции и населението како жив штит за терористички активности“, додаде армијата.

Палестинската агенција Вафа тврди дека во нападот на училиштето загинале девет Палестинци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK