Израелска армија: Случувањата во Газа се потресни, но Хамас ги промени правилата на игра

Израелска-армија-Случувањата-во-Газа-се-потресни-но-Хамас-ги.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Раководителот на блиската болница објави претходно дека 52 лица загинале во експлозија во бегалскиот камп Ал-Магази во Газа. Министерството за здравство со кое раководи Хамас вели дека причината е израелски воздушен напад. Израелската војска соопшти дека го истражува инцидентот.



Новинар на Би-Би-Си го прашал портпаролот на израелските одбранбени сили, потполковник Питер Лернер дали израелските сили го погодиле бегалскиот камп. „Не можам да го потврдам тоа во овој момент“, рече тој. Ал-Магази, да потсетиме, се наоѓа во јужниот дел на Газа, каде што Израел им порача на цивилите да се движат за своја безбедност.

Лернер рече дека сите напади во јужна Газа се „специфични напади врз основа на разузнавачки информации, особено против терористички елементи“, но „тоа не значи дека за жал не може да има жртви“. Запрашан дали некаде во Газа е безбедно, тој рече дека е „дефинитивно побезбедно на југ“.

Тој рече дека „она што се случува во Газа денес е навистина потресно“, но „тоа сепак е војна што Хамас ја започна“. Кога Хамас одлучи да ги нападне израелските заедници „убивајќи, масакрирајќи, обезглавувајќи, силувајќи повеќе од 1.400 луѓе“ и киднапирајќи повеќе од 240 други. „Тие ги сменија правилата на играта“, вели тој.

„Израел многу јасно кажува преку ИДФ, сега ја менуваме играта – Хамас мора да си оди“, додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK