Околу 40 ракети биле истрелани во текот на утрото од Либан кон Горна Галилеја и Голанската висорамнина, соопшти израелската армија.
Некои од ракетите биле пресретнати од противвоздушна одбрана, а засега нема информации за повредени, пишува „Тајмс оф Израел“.
Нападот се случи откако израелската армија синоќа нападна складиште за оружје на Хезболах длабоко во либанска територија.