Одбранбените сили на Израел (ИДФ) денеска објавија визуелни и аудио снимки за кои тврдат дека се доказ дека милитантите на Хамас се кријат во и под најголемата болница во Газа.
„Нивните приоритети се јасни, а луѓето што живеат во Газа не се меѓу нив“, се вели во соопштението на ИДФ, заедно со визуелните слики, според кои болницата Шифа, најголемата болница во Газа, е база за терористите на Хамас.
Hamas operates within and hides beneath the largest hospital in Gaza.
Their priorities are clear—and the people of Gaza are not among them. pic.twitter.com/7M4ZqjFyYs— Israel Defense Forces (@IDF) October 27, 2023
„Болницата Шифа, најголемата болница во Газа, треба да биде хуманитарен објект. Но наместо да ги заштити луѓето од Газа, Хамас крие мрачна тајна под болницата: таа е центар на тероризмот на Хамас во Газа“, тврди ИДФ во објавените визуелни слики.
Breaking: The @IDF has released visual and audio materials which prove Hamas has stolen and is using humanitarian resources for its terrorist activities.
Let’s start with the Shifa Hospital, one of Gaza’s biggest medical centers, which is being used as a terror operations base… pic.twitter.com/JMJEgxaW1g
— Israel Foreign Ministry (@IsraelMFA) October 27, 2023
„Хамас користи околу 1.500 болнички кревети и 4.000 медицински персонал како засолниште во кое планира терористички активности. Таму кријат осудени убијци и складираат оружје наменето за тероризам, со што се загрозуваат илјадници пациенти и болнички персонал“, тврдат од ИДФ.
ИДФ објави и аудио снимка за која тврди дека е разговор меѓу двајца жители на Газа. Во разговорот еден од нив наведува дека базата на военото крило на Хамас се наоѓа под болницата Шифа.
Овие тврдења не се независно потврдени.