Израел повторно го отвори преминот Рафа за да го зајакне примирјето со Хамас


13696285.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израел го отвори повторно преминот Рафа со Египет по речиси три недели за да им овозможи на некои повредени Палестинци да одат на лекување, откако медицинските лица во Газа соопштија дека во израелските напади загинале четири лица во енклавата.


Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека само осум Палестинци повредени во израелските напади за време на двегодишната војна и 17 членови на нивните семејства ќе бидат пуштени во Египет на лекување откако преминот ќе биде повторно отворен во четврток.

Не е познато колку ќе нидат пуштени назад во Газа од Египет.

Извори претходно изјавија за Ројтерс дека отворањето на границата е резултат на неодамнешните разговори меѓу претставниците од мировниот комитет на американскиот претседател Доналд Трамп и претставници на Хамас во Каиро, во обид да се обезбеди прекин на огнот во Газа, кој е под сериозен притисок откако САД и Израел почнаа да го бомбардираат Иран.

Преминот беше повторно отворен на почетокот на февруари откако беше претежно затворен од мај 2024 година, за време на првите месеци од војната на Израел против Хамас во Газа. Неговото повторно отворање донесе одредено олеснување за Палестинците кои сакаа да ја напуштат Газа за медицинска нега или за оние кои сакаа да се вратат откако избегаа од борбите во Појасот Газа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK