Израел повторно го нападна јужниот дел на Либан

5-24.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пет лица се повредени денеска во напад на израелско беспилотно летало врз градот Мајдал Селм во јужен Либан, соопшти либанското Министерство за здравство.


Вчера вечерта, израелските воздушни напади повредија 24 лица во Набатие, голем град во јужен Либан, јавува Ројтерс.

Израелската војска соопшти дека мета биле возила на Хезболах кои носеле оружје на периферијата на Набатија.

По нападот на Набатија, високиот функционер на Хезболах Мохамед Рад рече дека правото на либанскиот народ да се спротивстави на израелските напади е „свето и легитимно право“.

Тој нагласи дека ова право „треба да се оствари кога ќе се оцени дека е неопходно за да се заштити безбедноста на земјата“.

Либанскиот Хезболах и Израел се согласија за прекин на огнот кон крајот на ноември минатата година, ставајќи крај на повеќемесечниот конфликт предизвикан од војната во Газа.

САД во неделата соопштија дека договорот меѓу Либан и Израел, кој вклучува првичен период од 60 дена за повлекување на израелската војска, ќе остане во сила до 18 февруари, што е продолжување на рокот 26 јануари претходно договорен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK