Одбранбените сили на Израел (ИДФ) потврдија дека експлозиите во населбата Фалуџа во бегалскиот камп Џабалија биле резултат на нов воздушен напад.
„Претходно денеска, борбени авиони на ИДФ го нападнаа командниот и контролен комплекс на Хамас во Џабалија врз основа на точни разузнавачки информации. За време на нападот ги елиминиравме терористите на Хамас“, објави ИДФ, а пренесе Си-Ен-Ен.
„Хамас намерно ја гради својата терористичка инфраструктура под, околу и внатре во цивилните згради, свесно загрозувајќи ги цивилите во Газа. Затоа ИДФ ги повикува жителите на Газа од оваа област да се евакуираат. Ние продолжуваме да ги повикуваме жителите на северот на Газа и градот Газа да се евакуираат во југ“, се додава во соопштението.